Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,301.12 -0.29%    FERS 59,000.00 5.34%    KMB 2,698.87 0.16%    MPT 27,000.00 0%    REPL 54,101.00 -0.06%    TPLF 1,530.00 0.22%    TTK 800.12 0.02%    

Анѓушев: ЕЛЕМ постапува спротивно од насоките на Владата

Време: 16:58

Датум: јуни 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев го реафирмира ставот на Владата во однос на објавените јавни повици од страна на АД ЕЛЕМ, со вкупна проценета вредност од 80 милиони евра.

Вицепремиерот Анѓушев потсетува дека Владата го повика раководството на АД ЕЛЕМ веднаш да го стопира објавувањето на јавните повици со цел да се избегне штета на буџетот на компанијата, како и на Република Македонија, во чија целосна сопственост е АД ЕЛЕМ.

Наспроти укажувањето од Владата, раководството на АД ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик за набавка на рударска опрема за РЕК Битола во вредност од 34 милиони евра, за денес да го објави и јавниот повик за изградба на топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од 46 милиони евра.

„Раководството на ЕЛЕМ имаше 11 години да ги реализира овие проекти, а особено проектот за топлификација на Битола, кој им е ветуван на граѓаните пред секој изборен циклус, но, за жал, не покажа интерес и желба тоа да се случи. Чинот на објавување на овие јавни повици и покрај повикот од Владата до управата на АД ЕЛЕМ, да бидат стопирани, го оценувам како крајно непрофесионален. Развојните проекти на секоја компанија во државна сопственост мора да бидат разгледани и одобрени од страна на Владата, во соодветна постапка и процедура“, реагира вицепремиерот Анѓушев.

За проектот за топлификација на битолскиот регион, најголем дел од планираните финансиски средства, односно околу 39 милиони се од странски кредитор, односно од германската КфВ банка.

„Со оглед на тоа дека станува збор за задолжување, без разлика дали ЕЛЕМ се задолжува, тоа е задолжување кое го прави Република Македонија и токму заради тоа процесот мора да биде стопиран, да се иницира нова постапка и да помине низ соодветна процедура. Не би сакале ниту компанијата, ниту земјата, а најмалку граѓаните да претрпат штети заради неодговорност на менаџментот на ЕЛЕМ“, истакна вицепремиерот.

Вицепремиерот нагласи дека одредена штета е веќе направена со објавувањето на јавните повици, но крајно време е управниот одбор на компанијата да донесе одлука за мораториум на проектите, со цел да не се направи поголема штета и да не се загрози имиџот на Република Македонија и во меѓународни рамки.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Трговијата со оружје објави прв раст од 2010-та година

    Трговијата со оружје објави прв раст од 2010-та година

    Муниција, оклопна опрема, беспилотни летала – во 2016 година обемот на светскиот пазар на оружје се зголеми за првпат во последните пет години. Споредено со 2015…

  • Започна изградбата на нова детска градинка во Ново Лисиче

    Започна изградбата на нова детска градинка во Ново Лисиче

    Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во кругот на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче…

  • Кому му следува К-15? Остануваат уште 20 дена за исплата!

    Кому му следува К-15? Остануваат уште 20 дена за исплата!

    До крајот на годината вработените во приватниот сектор треба да добијат регрес за годишен одмор… Најмалку 9.164 денари треба да легнат на сметките Најмалку 9.164…

  • Жителите на неколку улици во Кисела Вода утре без вода

    Жителите на неколку улици во Кисела Вода утре без вода

    Жителите на неколку улици во Кисела Вода ќе останат без вода утре од 9 часот. „Поради замена на шибер од ф – 100 мм на…

  • Од вечерва горивата поскапи за половина денар

    Од вечерва горивата поскапи за половина денар

    Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе…

  • Отворање на канцеларија за печалбари во Гостивар

    Отворање на канцеларија за печалбари во Гостивар

    Канцеларијата за печалбари при Општина Гостивар ќе биде отворена в петок. Оваа канцеларија ќе функционира во форма на шалтер, а работното време ќе трае од…

  • Монетарната политика на ЕЦБ тешко дека ќе се промени до средината на 2018-та

    Монетарната политика на ЕЦБ тешко дека ќе се промени до средината на 2018-та

    Во 2018-та година, Европската централна банка (ЕЦБ) ќе го намали малку откупот на обврзници, бидејќи eврозоната во моментов е во период на економски раст, каков…

  • Здружението за угостителство и туризам со реакција за нелојална конкуренција

    Здружението за угостителство и туризам со реакција за нелојална конкуренција

    Здружението за угостителство и туризам излезе со реакција дека превозници со основна дејност „патнички транспорт“ работат како туристички агенции, а туристички агенции со Б лиценца…

  • ММФ не ја менува позицијата за потребата од реструктуирање на грчкиот долг

    ММФ не ја менува позицијата за потребата од реструктуирање на грчкиот долг

    Позицијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не се промени – грчкиот долг мора да се реструктуира за да може економијата на земјата да се развива…

  • 6-годишно момче прави 11 милиони долари годишно на ривју за играчки на YouTube

    6-годишно момче прави 11 милиони долари годишно на ривју за играчки на YouTube

    Рајан, 6-годишниот “домаќин” на “Rayan ToysReview”, кој има популарен канал за преглед на играчки на YouTube, наводно е мултимилионер. Семејниот YouTube канал, “Rayan ToysReview”, генерирал околу…