На Европа и е потребен сопствен Европски монетарен фонд кој би го заменил вашингтонскиот Меѓународен монетарен фонд во идните пакети за помош во еврозоната, изјави претседателот на еврогрупата и министерот за финансии на Холандија, Јерун Дајселблум.
„Успешно засилување на монетарната унија е можно само доколку одговорноста и солидарноста бидат блиску поврзани. Еден од начините да се оствари тоа е да продолжиме со работата на промена на Европскиот стабилизациски механизам во Европски монетарен фонд“, рекол Дајселблум во обраќање пред Европскиот парламент, пренесува Франс прес.