26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: И покрај напорите на ОПЕК, пазарот на нафта не...

График на денот: И покрај напорите на ОПЕК, пазарот на нафта не оди нагоре

За помалку од еден месец, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците ќе донесат одлука со што ќе се утврди краткорочната иднина на нафтената индустрија: да го продолжат договорот за намалување на производството, кое и така не доведе до посакуваното зголемување на цените, или да се вратат кон политиката на максимален принос, што доведе до падот на пазарот на нафта.

Во предвид производствените податоци кои се веќе присутни за три полни месеци, земјите производители на нафта со право можат да тврдат дека барем се обидоа да го поддржат пазарот, коментира „Bloomberg“.

Десет од 21 земја, кои се договорија да произведуваат помалку, ги исполниле ветените ограничувања во март во однос на пет земји во февруари. Генерално „ОПЕК“ го намали производството со повеќе од потребното.

Земјите надвор од групата се уште не ги исполниле во целост своите цели, иако нивните напори се подобрија значително во минатиот месец, покажуваат првичните податоци на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Заедно земјите се обидуваат да го ограничат производството со речиси 1,8 милиони барели на ден, а и повеќето се уште ги уживаат производствените нивоа од октомври како стартна точка.

Русија соопшти дека постепено ќе го ограничи производството на нафта со 300.000 барели на ден. Во март земјата постигнува малку над 50% од таа цел, намалувајќи го со 177.000 барели на ден. Земјата планира да го намали производството со целосно ветениот обем до крајот на април, изјави министерот за енергија Александар Новак претходно во овој месец.

Азербејџан и Мексико во март се приклучија на Брунеи и Судан, исполнувајќи ги ветените намалувања, но пак производството на Казахстан достигна рекордни нивоа.

„ОПЕК“ и сојузниците сакаа да го стабилизираат пазарот со договорот. Иако падот на цените на нафтата навистина престана, тие осбено не се и зголемија. Ограничувањата отворија пат за американските производители да влезат на пазарот, а бројот на американските нафтени бунари е на највисоко ниво од две години, покажуваат податоците на „Baker Hughes“. Добавувачите во Европа, Африка и САД, пак, влегуваат на азискиот пазар.

Многу набљудувачи на индустријата очекуваат договорот за намалување на производството да продолжи во втората половина на годината.

Повисокото производство надвор од „ОПЕК“ – и неисполнувањето во рамките на групата – помогнаа да се избрише зголемувањето на цените во последните три месеци. Зголемениот принос ќе ги повлече цените уште повеќе. Светот сега гледа со очекување на состанокот на „ОПЕК“ на 25-ти мај, кога производителите ќе одлучат дали да продолжат со ограничувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП