Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 5,801.04 0.25%    BESK 10,700.00 1.9%    GALE 600.00 0%    GRNT 756.00 -1.52%    KMB 2,601.78 -2.12%    MPOL 230.00 7.48%    MPT 28,000.00 0%    OHB 5,100.00 0%    RMDEN15 95.00 0%    STB 897.19 4.32%    STBP 748.00 0%    TEL 241.00 0%    TKVS 2,510.00 3.12%    TNB 10,799.68 0.83%    TPLF 1,365.00 -0.15%    UNI 1,800.00 0%    ZPKO 2,500.00 -0.04%    

Просечна плата од 22.347 денари – 70% од работниците под оваа сума!

Време: 14:27

Датум: април 21, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Просечната плата пораснала за 2.4% за една година. Во февруари 2017-та достигнала 22.347 денари. Просекот го креваат малкумина добро платени – две третини од работниците заработуваат под 20.000 денари, а само една третина има приходи над оваа сума.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) растот е резултат пред се на зголемите приходи во секторите: транспорт и складирање (11.9%) и информации и комуникации (6%). Намалување има кај: снабдување со електрична енергија (-8.1%), трговија (-7.3%).

Највисоки плати имаат програмерите, правниците и сметководителите, како и вработените во воздухопловството. Најниски се кај рибарите, како и работниците во кожарската и текстилната индустрија.

Според аналитичарите ова е најголемиот проблем – големата разлика во примањата – најмалку платените сектори имаат и над шест пати пониски приходи од најдобро платените. Истражувањето на Македонска платформа против сиромаштија (МППС) покажало дека 70% од работниците земаат плата под просечната.

„Бројките говорат дека генералната политика на државата е да се штеди на најсиромашните, наместо да им се даде поддршка. Постојните и новите приматели на социјална поддршка се под удар на засилените контроли и ограничувањата“, изјави неодамна Билјана Дуковска од МППС.

И анализите на Finance Think покажуваат дека дури две третини од работниците имаат примања пониски од просекот. Апелираат да се направи нова стратегија со која ќе се подобри животниот стандард на граѓаните, но и ќе се продуцираат кадри со вештини од високо платените дејности.

„Треба да се размисли за модел на економски раст базиран на високоплатежни сектори како што се компјутерските дејности. Потребна е долгорочна стратегија и реформи, започнувајки од образовни програми. Македонија треба да продуцира кадри со вештини во тие сектори и дејности, а мерките за вработување да се насочат кон тие дејности“, велат од Finance Think.

На краток рок намалување на разликите меѓу приходите на работниците најдиректно може да изврши преку зголемување на минималната плата, анализираат економските експерти според кои сепак мора да се внимава да не се предизвика отпуштање работници поради зголемените трошоци на фирмите.

„Разни сектори во индустријата како и стопанството во целина, не се еднакво профитабилни и затоа просечната минимална плата различно влијае на секој стопански субјект. Одредени анализи би покажале дека токму поради нееднаквоста во стопанството можеби е поприфатлива варијантата за минимална плата на ниво на одделни сектори, што секако би било потешко да се утврди како таква. Сепак, мое мислење е дека минималната плата е многу ниска и треба да се зголеми“ смета универзитетската професорка Марија Зарезанкова – Потевска.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) веќе почна да притиска за раст на минималецот. Нивните барања се корекцијата да биде за најмалку 20%. Веќе започнале преговори Организацијата на работодавачи и Министерството за труд и социјална политика.

И во Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) прават анализи за раст на минималната плата, но и за изнаоѓање друг начин на моделирање кој би бил поблизу до европските практики.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

    Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

    Извозот на земјоделски производи на Европската унија (ЕУ) почнува да го забавува растот и се враќа кон средните ниво за последните четири години. Ова станува…

  • Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

    Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска прими делегација на претприемачи од Либан предводена од Самер Соуфан, претседател на Советот на бизнисмени од Либан и претставници…

  • И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

    И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

    Грција има потреба од намалување на долгот, за да ја врати довербата на инвеститорите, и покрај желбата на Атина да излезе од програмата со готовински…

  • Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

    Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

    Над половина граѓани на Велика Британија и Франција сметаат дека една или повеќе членки на ЕУ ќе ја напуштат Унијата во наредните неколку години. Во…

  • УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

    УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

    Управата за јавни приходи најави засилен мониторинг на готовинскиот промет во делот на фискализацијата. Од УЈП апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со…

  • На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

    На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

    Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење…

  • Цената на нафтата се спушти под 45 долари

    Цената на нафтата се спушти под 45 долари

    Цената на нафтата од видот Брент вчера падна под 45 долари за барел, што е за првпат од 15 ноември минатата година. Главен фактор за…

  • Потпишани првите договори на Министерот за финансии

    Потпишани првите договори на Министерот за финансии

    Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ги потпиша првите договори откако стапи на министерската функција, а се поврзани со изградба на капитални проекти во руралните…

  • Тевдовски: Ќе има ребаланс на буџетот

    Тевдовски: Ќе има ребаланс на буџетот

    Од Министерството за финанси најавија дека активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека…

  • Како да се намалат штетите од употреба на дроги

    Како да се намалат штетите од употреба на дроги

    „Со клучни одлуки до здрава заедница“ е кампања на Здружението на граѓани ХОПС, за континуирана финансиска поддршка на програмите за намалување на штетите од употреба…