26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“ целосно реновиран

Блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“ целосно реновиран

Заврши реконструкцијата на блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“, а од следната недела ќе почнат градежните зафати околу реконструкцијата и на блоковите В и Г.

Според заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, реконструкцијата на блокот А чинеше 1,5 милиони евра. Во рамки на обновата, заменети се вратите, прозорците, подовите, како и водоводната и електричната инсталација и системот за парно греење.

Покрај тоа, бојосани се ѕидовите, собите се опремени со нов мебел, а поставен е и нов лифт.

Ристовски, посочи дека за понатамошната реконструкција на домот веќе е избрана компанија која ќе ги обнови блоковите В и Г, со тоа што откако ќе се завршат сите блокови ќе биде извршено и целосно партерно уредување на студентскиот дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП