26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА60 години од потпишувањето на Римскиот договор

60 години од потпишувањето на Римскиот договор

Европската унија (ЕУ) денеска обележува 60 години од потпишувањето на Римскиот договор со кој беше втемелена денешната Унија. Се очекува 27-те земји членки да го потврдат единството, солидарноста и заедничката иднина во ЕУ, која останува отворена и за другите држави.

Лидерите на 27-те земји членки, в сабота во Рим, заедно со челниците на институциите на ЕУ, ќе присуствуваат на церемонијата по повод 60-годишнината од воспоставувањето на Европската економска заедница, која подоцна ќе прерасне во ЕУ.

Европските лидери ќе направат пресек на досегашниот, заеднички пат, ќе го потврдат единството, заедничките интереси и вредности и да укажат на новите предизвици и приоритети на замјите-членки.

Ова треба да го содржи Декларацијата која лидерите на ЕУ ќе ја потпишат во Рим.

Иако самата Декларација не се однесува на конкретни решенија во однос на функционирањето на ЕУ, земјите-членки до последен момент имале „полни раце работа“, за да го усогласат текстот.

Во последниот нацрт текст на Декларацијата и тоа на самиот почеток е вметнат дел кој се однесува на проширувањето на ЕУ и на Западниот Балкан.

„Сакаме Унија која ќе остане отворена за оние европски земји кои ги почитуваат нашите вредности и кој истите ќе ги спорведуваат и промовираат“, се вели во воведниот дел од текстот на Декларацијата.

Во текстот не се споменува ниту исходот на дебатата која се води внатре во ЕУ околу петте можни сценарија за функционирање на Унијата во наредните 10 години, но дел од текстот укажува дека е можно да се продолжи по системот „Европа во повеќе брзини“.

Во седиштетот на Маршаловиот фонд за САД, во Брисел, оценуваат дека доколку Европа сака да функцинира во „повеќе брзини“ дека тогаш ќе треба да им отвори нови можности на земјите кои преферираат членство во ЕУ.

„Тоа може на одредени земји да им овозможи да бидат дел од возот, иако тоа не е воз со луксузни туку со обични вагони. Значи можноста е тие земји да се придклучак кон европските држави кои делат некои заеднички политики, вредности и процеси, но не сите. Тоа може да биде поелсниот пат за некои од државите кои сакаат членство во Унијата. Другите земји од Балканот можат да бидат загрижени поради тоа што никогаш нема да стигнат да бидат дел од оваа група“, смета аналитичарката за европска политика Роза Балфур, во изјава за агенцијата Танјуг.

Понатаму во текстот на Декларацијата се обврзуваат дека ќе работат за оставрување на целта, а тоа е безбедна и сигурна Европа и Европа која ќе биде силна на меѓународната сцена. Крајот на Римската декларација ќе биде идентичен како и крајот на Берлинската декларација, која е потпишана во 2007 година, кога се обележуваа 50 години од Римскиот договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП