26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата која купува по околу 200 тони злато годишно

Државата која купува по околу 200 тони злато годишно

Само во последните 3 години Русија купила 580 тони злато, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Имено во последните 36 месеци земјата е доста активна, па купувањата изнесуваат 173 тони за 2014-та година, 206.4 тони за следната 2015-та година и 200.7 тони за изминатата 2016-та година.

На овој начин Русија продолжува со нагорен тренд на зголемување на златните резерви во последните 11 години. Во овој период купувањата, претежно на домашниот пазар, веќе изнесуваат 1228.4 тони.

Позитивниот тренд продолжува и во 2017-та година, бидејќи, според последните податоци, во јануари се купени нови 29.9 тони злато. Со тоа резервите од злато на Русија веќе се 1645.1 тони, што е еквивалентно на 16,2 отсто од сите резерви на земјата.

Тоа сепак и ја обезбедува шестата позиција на државата меѓу најголемите имателите на злато во светот. Лидер продолжува да е САД со 8133 тони, следена од Германија и Италија со соодветно 3377.9 и 2451.8 тони, додека Франција располага со 2435 тони златни резерви.

Петтата позиција се зазема од Кина, која е втор најголем купувач во последните години. Само за 2016-та година резервите од злато беа зголемени со 80.2 тони. Земјата доста долго време не ги верификуваше купо-продажбите и резервите од овој благороден метал (2009-2016 година), а токму во овој период резервите се зголемени со 604 тони.

Активни на пазарот во текот на изминатата година се уште Казахстан и Катар, кои додале 36.2 и 7.5 тони злато, додека резервите на Белорусија пораснале за 4.2 тони.

Најголемите продавачи во 2016-та година се Турција и Венецуела, кои ги намалиле резервите од злато со 138.5 и 85.5 тони.

Намалување во последните 12 месеци остварија уште Азербејџан и Аргентина, пад од 10,2 и 5 тони, додека намалувањата кај Јордан, Унгарија и Германија се во рамките на 3 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП