26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете тахини - здрав путер од сусам

Направете тахини – здрав путер од сусам

За да ја вратите енергијата и сeбе си да се наградите со слатка, вкусна и многу здрава намирница, зошто не би нaправиле путер од сусам?

Овој богат извор со витамините Б содржи и магнезиум, фосфор, калциум, железо и здрави масни киселини, така што „пука“ од здравје, а е многу вкусен. Тахини, како што е наречен, се прави прилично едноставно.

Половина шолја семки од сусам лесно испржете ги во суво тавче десетина минути, мешајќи постојано да не загорат.

Кога малку ќе се пропржат ставете ги во блендер, прелијте ги со две лажици маслиново масло, неколку капки сок од лимон и малку моркса сол, а потоа мешајте додека да не ја добиете саканата густина.

Можете и да додадете половина лажица какао во пр

ав или црна чоколада, за да биде уште повкусно и поздраво.

Тахини намазот мачкајте го на леб или кекси, а по желба можете и да ги прелиете со мед или џем ако сакате да биде уште послатко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП