26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најпосетените градови во светот во 2016-та година

График на денот: Најпосетените градови во светот во 2016-та година

najposeteni gradovi 00

Њујорк, Лондон и Париз се добро познати како водечки светски туристички дестинации, коментира „Statista“. И трите сепак заостануваат зад Бангкок по популарност.

Тајландската престолнина привлекла 21,5 милиони странски посетители барем за една вечер во 2016-та година, со што е лидер на светско ниво, се наведува во последниот извештај на „Mastercard“. За споредба, Лондон бил посетен од 19,9 милиони луѓе кои останале барем една вечер во градот, а Париз од 18 милиони луѓе.

Неколку други градови од Блискиот Исток и Азија го дополнуваат списокот од 10-те најпосетени градови во светот во минатата година. Дубаи е на 5-то место со 15,3 милиони посетители во 2016-та година, а Сингапур е малку по Њујорк со 12,1 милиони луѓе.

Туристите дефинитивно сакаат да трошат, а Дубаи оствари највисоко ниво на туристичките трошоци за минатата година. Во 2016-та година посетителите во Дубаи потрошиле извонредни 31,3 милијарди долари, што е многу повеќе од градот на втората позиција – Лондон, со 14,8 милијарди долари.

najposeteni gradovi 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП