26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои земји се работи најмногу и во кои најмалку?

Во кои земји се работи најмногу и во кои најмалку?

rabota cas44

Во Велика Британија пет милиони луѓе редовно работат прекувремено без да добиваат плата, подарувајќи им на работодавците „слободен труд“ за 31.5 милијарди фунти секоја година, пишува „Daily Telegraph“.

Но дали Британците остануваат подоцна во канцеларија од своите колеги во другите земји? Кои се националностите кои работат најдолго и кои најкратко? Одговорот на ова прашање го даваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 2015-та година.

Според нив Британците се дури релативно привилегирани, бидејќи работат просечно 1674 часа годишно, или 32,2 часа неделно.

Изненадувачки, најмногу искористените вработени се наоѓаат во Мексико. Просечниот граѓанин на ценралноамериканската држава работи 2246 часа годишно, или 43.2 часа неделно, покажуваат податоците на ОЕЦД.

На второ место е Костарика, често класифицирана како најсреќната држава во светот со 2230 часа годишно. Топ пет ги дополнуваат Јужна Кореја со 2113 часа, Грција со 2042 часа и Чиле со 1988 часа во годината.

Изненадувачки во дното на листата е Германија, која вообичаено се смета за исклучително ефикаснa. Просечниот Германец работи само 1371 часа годишно, или 26,4 часа неделно. Граѓаните на Холандија (1419 часови), Норвешка (1424 часови), Данска (1457 часови) и Франција (1482 часови) исто така можат да уживаат во многу слободно време.

Просечните работни часови се намалени во секоја земја, за која ОЕЦД располага со податоци. Во Велика Британија, на пример, вообичаен вработен работел во просек 1700 часа годишно во 2000-тa година во однос на 1674 часа во 2015-та година.

Работните часови се намалени значително и во други земји, како Унгарија на пример, чии жители работеле 2033 часа годишно во 2000-та година, а во 2015-та година веќе работеле 1749 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП