26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрофитот на банките во САД може да порасне за 12 милијарди долари...

Профитот на банките во САД може да порасне за 12 милијарди долари при пониски даноци

banks logos32

Шесте најголеми банки во САД може да запишат годишeн раст на профитот од просечните 14%, ако претседателот на САД, Доналд Трамп, пристапи кон спроведување на плановите за намалување на даноците.

Пресметки на „Bloomberg“ покажуваат дека кредитните институции можат да заштедат вкупно 12 милијарди долари годишно. Трамп размислува за намалување на корпоративниот данок од 35% до 15%.

Додека инвеститорите се фокусираат на ветувањата на новиот претседател за олеснување на банкарските прописи, даночните кратенки може да бидат спроведени побрзо и нивното влијание може да биде дури и поголемо.

Ефективната даночна стапка на најголемите банки во САД достигна просек 28% за последните три години, почнувајќи од крајот на 2015-та година, покажуваат податоците. Тоа е двојно повеќе во однос на процентот, кој го плаќаат сите големи компании, имено – 14%.

Банкарските акции се движат во нагорна насока од претседателските избори, па наваму. Индексот кој го следи претставувањето на компаниите во банкарскиот сектор, „KBW Bank Index“ бележи раст со 29%, а акциите на „Goldman Sachs“ достигнаа рекордно високи нивоа во оваа недела.

Заштедите од даноци на „Wells Fargo“ во 2015-та година би биле 3,8 милијарди долари, ако даночната стапка беше 15%. Оценките покажуваат дека профитот на банката би била со 16% повисока кај слична даночна стапка.

Кај „JPMorgan Chase“ овие заштеди би можеле да достигнат 3 милијарди долари годишно, со што банката ќе пријави раст на нето добивка од 14%.

Заштедите на „Citigroup“ од своја страна би биле помалку, бидејќи поголемиот дел од профитот на банката е надвор од САД.

„Bank of America“ во моментов плаќа помал ефективен данок во САД и не би заработила многу од ваквата промена, додека „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“ ќе забележа раст на профитот при даночна стапка од 15% сличен на „Wells Fargo“ и „JPMorgan“, иако нивните заштеди во долари се помали.

Портпаролите на шесте банки одбиле да дадат коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП