5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвзони и натаму е затворен за сообраќај

Евзони и натаму е затворен за сообраќај

evozni3955

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува во Крушево.

Магла со видливост од 50 – 100 метри има на планинските премини Стража и Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП