5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМЕРИТ инсистира да се преземат мерки да се одблокира транспортот од Грција

АМЕРИТ инсистира да се преземат мерки да се одблокира транспортот од Грција

nafta cisterni3

СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија ги информираше меѓународните транспортни асоцијации во врска со најновите блокади на грчко-македонските гранични премини и на патниот сообраќај меѓу двете земји, со што веќе 10 ден им се нанесуваат огромни и ненадоместиви штети на патните транспортери од Македонија и од регионот, како и на компаниите корисници на нивните услуги.

Притоа, во обраќањето до Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, најголемата транспортна асоcијација во светот, потоа до Унијата на асоции за патен транспорт во Црноморскиот економски регион BSEC-URTA, како и до грчката транспортна асоцијација OFAE, од страна на АМЕРИТ се инсистира тие да преземат итни акции и постапки кај надлежните влади, како и кај другите меѓународни органи и тела за брзо деблокирање на граничните премини меѓу Грција и Македонија.

„Ние би сакале да го истакнеме нашето искрено разбирање за социјалните прилики и проблеми кај нашиот јужен сосед, но, исто така, и ги потенцираме загрижувачките последици од овие, во повеќе наврати последниве години повторливи неповолни случувања на нашаите граници. Од честите штрајкови на трите гранични премини со Грција – Богородица, Дојран и Меџитлија и честите протести на солунското пристаниште, нашата главна увозно-извозна врска, нашата земја трпи огромни финансиски загуби. Грчките фармери ги користат тракторите за да го блокираат граничниот премин Евзони – Богородица со Република Македонија и ситуацијата е веќе иста 10 дена. Огромни колони од камиони чекаат на границата со денови. Блокадата на граничниот премин Бородица – Евзони е огромен удар за економиите во регионот и особено за меѓународната трговијата и транспорт. Компаниите трпат огромни загуби со доцнењето на испораката на стоки, извозот на готови производи и увозот на суровини. Иако бизнис заедницата бара алтернативи решенија – пренасочување до другите гранични премини, сепак постои ограничување и доцнења, што носат нови загуби“, вели во обраќањето упатено до овие асоцијации, потпишано од Емил Милев, управител на СИЗ Македонија сообраќај –АМЕРИТ.

Од таму апелираат да се почитува ТИР Конвенцијата и другите меѓународни договори за транзит и слободно движење на стоките. Во случај на опструкција на меѓународен коридор (Коридорот 10, од Атина до Салцбург), меѓународната обврска е да се обезбеди премостување на протокот на стоки.

Владата на Република Македонија донесе одлука, со која се овозможува транзит на акцизни – нафтени деривати и на премините Дојран и Меџитлија. Со тоа македонската влада овозможи алтернативни премини, кои може да бидат користени од страна на транспортерите.

„Нашите препораки до транспортерите и наши членки е да ги користат алтернативните премини, на кои од македонска страна се направени сите услови за непречено одвивање на сообраќајот. АМЕРИТ будно ја следи ситуацијата, и редовно ќе продолжи да дава насоки и информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП