5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива тековно, магла на планинскиот превој Ѓавато

Сообраќајот се одвива тековно, магла на планинскиот превој Ѓавато

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на сите патни правци низ државната се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на планинскиот превој Ѓавато.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.февруари е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема задржувања подолги за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП