28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на обиколницата Битола прекинат поради свлечиште

Сообраќајот на обиколницата Битола прекинат поради свлечиште

magla-avtopat

Сообраќајот на патините правци низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел наместа со остатоци од кашест снег.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Битола, Железнец и на планинските премини Буково и Ѓавато. Намалена видливост поради појава на магла од 150 – 200 метри има на патниот правец Гостивар – планински премин Стража и до 70 метри на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП