5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп најави почеток на преговорите за NAFTA со лидерите на Канада и...

Трамп најави почеток на преговорите за NAFTA со лидерите на Канада и Мексико

694940094001_5292037098001_President-Trump-slams-media-during-speech-to-the-CIA

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека наскоро ќе ги започне преговорите со челниците на Канада и на Мексико за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (NAFTА).

„Ќе го започнеме преговорите врзани за NAFTА . Ќе тргнеме со преговорите за NAFTА., за имиграцијата и за безбедноста на границата“, изјави новиот американски претседател Доналд Трамп при полагањето на заклетвата на неговите советници во Белата куќа. .

Трамп во текот на претседателската кампања се обврза дека доколку победи повторно ќе преговара за договорот NAFTА за да се постигнат подобри услови за САД.

NAFTА, договорот кој е на сила од 1994 година, заедно со другите трговски договори стана цела на гневот на гласачите во централниот индустриски дел на САД, што Трамп го искористи на својот победнички пат кон Белата куќа.

Трговски експерти, универзитетски професори и владини службеници сметаа дека Канада и Мексико, исто така, ќе бараат концесии, како и дека NAFTА кој е систем без тарифи тешко ќе биде променет. Какво и да де постигнување договор во врска со тоа, ќе трае најмалку неколку годни, тврдат.

Трамп најави средби со канадскиот премиер Џастин Трудо и со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието, на коишто ќе разговара за оваа тема. Притоа го пофали мексиканскиот претседател кој во својата земја се соочува со ниска популарност поради корупцијата во врвовите на власта и растот на инфлацијата.

„Претседателот навистина беше одличен. Мислам дека ќе постигнеме многу добар резултат за Мексико, за САД, и за сите кои се во тоа вклучени“, смета новиот американски претседател.

Критичарите на Нието сметаат дека тој нема јасен план за спротиставување на повиците од страна на Трамп за ограничување на слободната трговија и депортирањето на илегалните имигранти, коишто главно доаѓаат од Мексико.

Откако победи на 8-ми ноември, Трамп најавуваше и се закануваше дека ќе воведе давачки за компаниите кои ќе го преселат своето производство во Мексико, на што во негова насока веќе одговорија некои од големите американски концерни. Инсистира, исто така, и на градење ѕид на американско –мексиканската граница за сопирање на илегалната имиграција за која тврди дека исто така ги намалува работните места за Американците, а покрај тоа тврди дека трошокот за тоа ќе го плати Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП