26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоналд Трамп положувајќи свечена заклетва официјално стана американски претседател

Доналд Трамп положувајќи свечена заклетва официјално стана американски претседател

5c18a966a56f40e7b7a27dc0a6bab30f_18

Доналд Трамп во петок стана 45 претседател на САД, положувајќи свечена заклетва пред претседателот на Врховниот суд Џон Робертс.

„Јас Доналд Трамп, свечено се колнам дека верно ќе ја вршам должноста претседател на САД и ќе сторам сè што е во моја моќ да го чувам, заштитувам и бранам уставот на САД. Бог нека ми помогне“, го изговори Трамп текстот на свечената заклетва, држејќи ја десната рака подигната кон судијата Робертс, а левата положена на две Библии. Првата му ја подарила мајка му како дете, а втората е онаа врз која заклетва дал Абрахам Линколн.

Трамп со 70 години е најстариот американски претседател во првиот мандат.

Тој во свечениот говор по инаугурацијата, рече дека ќе ја врати моќта на народот.

Истакна дека ќе се заложи да се возобноват фабриките и Американците да се вработат и повторно да почнат да ја издигнуваат економијата.

Според Трамп, Америка треба да започне да ги средува работите од внатре, да стане пример во кој целиот свет ќе се огледува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП