Денес и во текот на викендот граѓаните ќе можат да донираат помош за бездомниците во Скопје на пунктот на Мрдни со Прст кој што е поставен во Скопје Сити Мол.
Пунктот, кој ќе биде поставен до влезот на New Yorker, и на кој ќе може да се донираат ќебиња, чиста облека, обувки, душеци за спиење, прибор за јадење и хигиенски средства, ќе биде отворен од денес, 13.01, до недела, 15.01, секој ден од 11:00 до 20:00 часот.
Донациите ќе бидат доставени до Социјалниот центар „Дуња“ кој што обезбедува помош и вдомување на бездомници кои немаат каде да се засолнат од поларните температури кои што ја зафатија нашата држава.
Истовремено, се повикуваат сите кои сакаат да помогнат со приготвување на топол оброк за бездомниците истиот да го достават во социјалниот центар. Локацијата е Рајко Жинзифов бр 22 (спроти градежен факултет).