6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокиран патниот правец кај населбата Баир, на патот Ресен-Битола

Блокиран патниот правец кај населбата Баир, на патот Ресен-Битола

sneg patista 35

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Од синоќа сообраќајот на патниот правец А3 Ресен- Битола кај н. Баир е блокиран, додека сообраќајот на патниот правец Р1105 Валандово – Фурка – Дојран е нормализиран.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП