Во рамките на Проектот за обнова на возниот парк, Македонски железници – Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ќе потпишат договор за набавка на четири нови електрични локомотиви.
На потпишувањето е најавено присуство на претставници на Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Македонски Железници Транспорт АД и CRRC Zhuzhou Electic Locomotive Co.,Ltd.
Овој проектот го реализираат Македонски железници Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Европската банка за обнова и развој.