Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 707.00 0%    ALK 5,580.84 1.44%    BESK 11,399.00 0.22%    GRNT 670.44 0.07%    KMB 2,970.82 0.03%    MPT 26,500.00 0%    OHB 5,113.39 0.61%    OKTA 2,210.56 -9.77%    RZLE 15.00 0%    RZUS 100.00 2.04%    SBT 1,351.00 0%    STB 915.00 0%    STBP 723.00 0%    TEL 260.00 0%    TNB 11,508.18 9.22%    TTK 775.00 8.39%    

Тридневена диета со туна

Време: 15:45

Датум: декември 1, 2016

Категорија: ДИЕТИ

tuna31

Оваа диета помага без голем напор да изгубите 1,5 кг за 3 дена. Звучи одлично, зарем не?

Па да видиме како изгледа оваа кратка диета…

Основни информации за диетата

Диетата со туна се држи три дена, а потоа четири дена нормално се јаде (секако, без претерување) и така се повторува циклусот. За време на диетата секој ден задолжителна е порција туна. Во текот на оваа диета дозволено е да пиете чај, црно кафе и вода.

Редовното конзумирање на туна има позитивен ефект на телото, затоа што таа содржи доста витамин Д, омега – 3 масти (до 50 проценти се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, се подобруваат функциите на мозокот и помага во намалувањето на тежината). Туната е богата со витамини и фосфор. Таа содржи многу малку масти и речиси и не е потребно да се зачинува, освен со, кој сака, неколку капки лимон.

tuna-salata

Мени:

Прв ден

Појадок: 1 шоља црн чај или кафе, 1/2 грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам)

Ручек: 100 – 150 гр туна во салата со рукола, парчиња помала краставица, шери домат и по желба лажица обарен наут или пченка, 1 шоља црно кафе или чај.

Вечера: 100 гр варено говедско месо, 200 гр динстана боранија, 200 гр рендан морков со неколку капки лимон, 1 шоља црно кафе, чај или вода за пиење.

Втор ден

Појадок: 1 шоља црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана

Ручек: 200 гр туна, 5 крекери, 1 шоља кафе, чај или вода за пиење

Вечера: 200 гр грилувани пилешки гради, 100 гр морков на пареа, 200 гр брокула на на пареа, 1 банана, мала чинија пудинг од ванила (100 гр), 1 шоља црно кафе или чај

tuna-8881

Трет ден

Појадок: 1 шоља црн чај или кафе, 5 крекери, 30 гр сирење, 1 јаболко со средна големина

Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 шоља црно кафе или чај

Вечера: 200 гр туна, 100 гр обарен морков, 100 гр карфиол на пареа, 1 круша со средна големина, мала чинија пудинг од ванила (100 гр), 1 шоља црно кафе или чај.

Напомена:

– Пилешкото и говедското месо може да се замени со туна.

– Оброците распоредете ги така што вечерата да биде околу 18:00 часот, а после тоа веќе ништо не јадете.

– Задолжително е триесет минутно брзо пешачење секој ден.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Спортска диета

    Спортска диета

    И покрај тоа што ретко спортистите и оние луѓе што се физички активни, имаат проблеми со телесната тежина, сепак, ако сакаат малку да ја намалат…

  • Двонеделна диета

    Двонеделна диета

    Оваа диета не е претерано строга и опфаќа дневно внесуваше на 1400 калории, па за 14 дена можете да ослабете околу 3 килограми, што всушност…

  • Мексиканска диета

    Мексиканска диета

    Мексиканската диета е многу делотворна и нуди губење на 2-3 килограми за 4 дена, а ако сакате можете да ја повторите уште еднаш после два…

  • Диета со диетални влакна

    Диета со диетални влакна

    Оваа диета опфаќа дневно внесување на околу 900 калории од производи богати со диетални влакна. Се внесува по 100 гр од секој продукт. 1 ден…

  • Бразилска диета

    Бразилска диета

    Другото име на Бразилската диета е „14 дена”. Со оваа диета за две недели може да го симнете 4-5кг. Ако не сакате јајца, најдобро е…

  • Зимска млечна диета

    Зимска млечна диета

    Зимската диета треба да биде збогатена со витамини и минерали за да се компензира тој недостиг во организмот за време на студената сезона. Млечните производи…

  • Француска диета која ќе ги „стопи“ празничните килограми

    Француска диета која ќе ги „стопи“ празничните килограми

    Ви претставуваме една од моментално најпопуларните диети, базирана на суво овошје и вино, која може да ви помогне за 5 дена да симнете и до…

  • Диета VB6 – веган, но само до 18 часот

    Диета VB6 – веган, но само до 18 часот

    Дознајте повеќе за диетата VB6, при која го почитувате веганскиот режим на исхрана до 18 часот, а потоа можете да се занесете во кулинарските искушенија…

  • Диета која го намалува холестеролот

    Диета која го намалува холестеролот

    TLC режимот на исхрана ги елиминира килограмите и лошите масти во крвта. Овој план на исхрана подразбира што повеќе консумирање на овошје, зеленчук, интегрални житарки…

  • 10 кг за 7 дена? Со оваа диета и тоа е можно!

    10 кг за 7 дена? Со оваа диета и тоа е можно!

    Кај примената на било која диета, најнеопходно е за таа да биде прилагодена токму кон вашето тело. А најважно нешто е почитувањето на параметрите коишто…