4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ планира милијарди евра дополнителни трошоци за одбрана

ЕУ планира милијарди евра дополнителни трошоци за одбрана

oruzje333

Создавањето на многумилијарден фонд за одбрана ќе предложи Европската комисија денеска (30-ти ноември), објави „Financial Times“, повикувајќи се на свои извори. Дополнителни средства ќе бидат потрошени за нови технологии, дронови и воена техника, предвидува предлогот.

Според изданието ЕУ значително ќе ги зголеми трошоците за одбрана по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Плановите на Европската комисија се да биде зголемена соработката на земјите во областа на одбраната, како и користењето на европската вселенска програма за одбранбени активности.

Во моментов 80% од трошоците за одбрана, кои ги прават земјите во ЕУ, доаѓаат од националните буџети.

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД доведе до сериозна загриженост меѓу сојузниците во НАТО за улогата на земјата во зачувувањето на безбедноста на членовите на Алијансата. Трамп истакна во разговор со генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг во деновите по изборот за важната улога на НАТО.

Тој, сепак, ги повика европските членки на Алијансата да ги зголемат буџетите за одбрана до 2% од бруто домашниот производ. 22 членови на ЕУ кои се во НАТО, но само Велика Британија, Естонија, Полска и Грција го извршуваат овој праг, определен од правилата на организацијата.

„FT“ наведува дека во плановите на ЕК ќе има и зголемување на средствата за сајбер безбедноста.

Загриженоста за безбедноста во ЕУ доаѓа по зголемените закани од терористички напади, а и поради зголемената воена активност од страна на Русија, особено по анексија на Крим во 2014-та година.

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе даде и поголема можност за другите земји да ја зголемат соработката во секторот на одбраната. Досега Лондон се спротивставуваше на плановите во таа насока. Притисок за заедничка политика во областа на безбедноста влијаат Франција и Германија, поддржани од Италија и Шпанија, посочува уште „FT“. Европските институции исто веруваат дека темата е една од најважните за европските граѓани.

Според пресметките на ЕК недостатокот на соработка во областа на одбраната меѓу земјите од заедницата чини меѓу 25 милијарди евра и 100 милијарди евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП