4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзборот на Трамп загрози 80.000 работни места во Австрија

Изборот на Трамп загрози 80.000 работни места во Австрија

trump

Директорот на австрискиот Природно научен институт (WIFO) Кристоф Баделт предупредува дека по изборот на Доналд Трамп во САД загрозени се 80.000 работни места во Австрија.

Гостувајќи на австриската национална телевизија ORF, тој укажа дека планот на Трамп е САД повторно да се фокусира на себе, што ги загрозува работните места на Австријците.

Според неговите зборови околу 80.000 работни места се поврзани со добрите американско-австриски односи.

Така 60.000 се директно погодени, а 20.000 би можеле да бидат загрозени поради извозот.

„Ако Трамп ги оствари своите најави САД да се заврти кон себе, тоа ќе ги загрози работните места“, потенцираше тој.

САД е вториот најважен надворешно-трговски партнер на Австрија, чиј извоз во таа земја изнесува 9,1 милијарди евра. Кога станува збор за препораката до владата на Австрија, Бадлет изјави дека се потребни понатамошни реформи за даночниот и пензискиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП