Изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за претсетадел на САД создаде притисок врз производителите на автомобили и другите производители кои вршат трговска размена со Мексико.
Забележан е пад на акциите на американските производители во автомобилската индустрија кои се потпираат на производството во Мексико за своите дејности.
Така, акциите на „Generals Motors Co“ паднаа за 4 отсто во средата утрото, за во текот на денот да се приближат. Оваа компанија во средата нагласи дека ќе отпушти 2.000 работници и кратење на смени во фабриката во Лордстаун, во Охајо, каде што се призведува моделот на „Chevrolet Cruze small cars“ и во Ленсинг, во Мичиген, каде што се произведува моделот на „Cadillac sedan“ и на „Chevrolet Camaro“.
Акциите на „Ford Motor Co“, пак, се зголемиле за 1,2 отсто, откако претходниот ден беа во помала вредност.
Акциите на производителот на електрични модели „Tesla Motor Inc“ се симнаа за 3.3 отсто, овој производител би можел да биде најмногу погоден од новата администрација на Трамп, бидејќи би можело да дојде до намалување на федералната подршка за електрични автомобили.
Исто така, и акциите на производителите на автомобилски делови „Delphi Automotive Pls“ и „Magna Internacional Inc“ паднаа за 6,0 односно за 3,7 отсто.
Трамп во својата кампања остри ги нападна компании кои вршат аутсорсинг, односно го префрлаат својот производствен процес надвор од Америка.