26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје со висока добивка заклучно третиот квартал

Алкалоид АД Скопје со висока добивка заклучно третиот квартал

alkaloid

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари – Септември 2016 оствари добивка од 591.050.000 денари.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Алкалоид АД Скопје.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 4.950.403 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 7%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 6.331.952 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 3%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 5%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 4.374.695 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 4%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 5.747.386 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 3%.

Дивиденда

На 4 април 2016 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година во износ од 329.211 илјади денари односно 230 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда за 2015 година изнесува 207 денари за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Септември 2016 година изнесуваат 546.878 илјади денари.

Обврски по кредити

Вкупните консолидирани обврски по кредити на 30.09.2016 година изнесуваат 565.577 илјади денари.

Нови вработувања

Во периодот Јануари – Септември 2016 година во Алкалоид се реализирани 115 нови вработувања во Република Македонија.

Комплетниот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП