5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: ЕУ не го исполни ветувањето за финансиска помош за бегалците

Ердоган: ЕУ не го исполни ветувањето за финансиска помош за бегалците

begalci

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот изјави дека Европската унија не го исполнила ветувањето според кој требаше да гарантира три милијарди евра за помош за мигранти, а ЕУ на критиката одговори дека таа изјава „не е точна и дека не помага“ во ова ситуација.

Бројката лица кои пристигнале од Турција до грчките брегови значително е намалена откако Анкара се согласи на тоа да ги спречува бегалците да испловат од турскиот брег, а за возврат земјите од ЕУ годинава се обврзаа да исплати сума од три милијарди евра со коишто на земјата би ѝ помогнало да ги подобри животните услови за околу три милиони сириски бегалци кои живеат на нејзина територија,

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот, како и неколкупати претходно, тврдеше дека Европската унија не го почитувала својот дел од договорот.

„ЕУ вети три милијарди евра за мигрантите. Но времето минува, а годината се ближи кон крајот. Тие луѓе ветуваат, но не прават ништо конкретно“, рече Ердоган на конференција за наука и технологија во Анкара.

Портпаролка на Европската комисија подоцна ги отфрли критиките на Ердоган, велејќи дека примената на финансиската поддршка за бегалците во Турција во последните неколку месеци забрзала.

„ЕУ се придржува до своите обврски во согласност со договорот меѓу Турција и ЕУ. Изјавите за тоа дека договорот не се почитува, вклучително и онаа за финансиската помош, едноставно не се точни и не помагаат во ваква ситуација“, рекла за Reuters неименувана портпаролка на ЕК.

Според неа, од три милијарди евра, 2,24 милијарди евра се предвидени за хуманитарна и друга помош, како и дека 1,25 милијарди евра се договорени а 467 милиони евра се исплатени. Рекла и дека минатата седмица биле потпишани две директни одобрувања во износ од 600 милиони евра за поддршка на сириските бегалци и нивните домаќини во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП