3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор до крајот...

Велика Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор до крајот на март следната година

вел-

Велика Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој се поставуваат правилата за двогодишниот преговарачки процес за излегувањето од Европската унија (ЕУ), до крајот на март следната година, изјавила во неделата британската премиерка Тереза Меј, пренесуваат британските медиуми.

„Како што знаете, веќе некое време говорам за тоа дека не сакаме да го активираме членот пред крајот на оваа година, за да можеме да направиме одредени подготовки“, рекла Меј за ВВС.

„Но да, денес и во мојот говор ќе кажам дека ќе го активираме членот 50 до крајот на март следната година“, изјавила Меј во пресрет на годишната конференција на конзервативците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП