26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХранлива комбинација која ги топи масните наслаги

Хранлива комбинација која ги топи масните наслаги

одлицна

По напорниот тренинг освежете се со оваа вкусна салата. Ќе бидете сити и нема потреба да се грижите дали таа ќе го поништи ефектот на вежбањето.

Само 220 гр тиква обезбедува 1/3 од потребниот дневен внес на витамин Ц, а нутриционистите ја доведуваат во врска со способноста на телото да ги согорува масти. Оревите се извор на омега 3 масни киселини и антиоксиданти кои се борат против секоја настинка.

Оваа комбинација на намирници е совршена доколку сакате да се заштитите и од срцевите болести.

Оревите исто така ќе помогнат да го редуцирате нивото на крвниот притисок и да го намалите запушувањето на крвните садови.

Состојки:

– 1 тиква, исчистена и без семки, исецкана на коцки

– 5 супени лажици маслиново масло

– сол

– 226 грама спанаќ

– 2 супени лажици свеж лимонов сок

– ½ супена лажица сенф

– 2/3 шолја ореви

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 230 степени. На хартија за печење ставете тиква премачкана со 1 супена лажица маслиново масло, посолете. Печете и мешајте околу 20 минути, додека не омекне и добие светлокафена боја (вкупно 30 минути). Додадете ја во чинија заедно со спанаќот.

Направете прелив од сокот од лимон, мслиновото масло (останатите 4 лажици), сенфот и малку сол.

Прелијте го сосот преку салатата и посипете со ореви.

За максимален ефект, додадете една супена лажица чиа семе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП