1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАForbes: Трамп за една година изгубил 800 милиони долари

Forbes: Трамп за една година изгубил 800 милиони долари

трамп

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп „тежи“ 3,7 милијарди долари, 800 милиони помалку од минатата година, проценува во среда магазинот Forbes, кој споменатата загуба во поголем дел ја припишува на падот на пазарот на недвижнини во Њујорк.

Forbes го испитал имотот на њујоршкиот милијардер и утврдил дека 18 од 28 недвижнини загубиле на вредност, вклучувајќи ја и Трамп Тауер на Менхетен и Мар-а-Лаго Клуб во Палм Бич на Флорида. Според Forbes, кој го следи богатството на Трамп во последните 34 години, паднала вредноста и на недвижноста на 40 Волстрит.

Истовремено, една недвижност ја задржала својата вредност, додека седум недвижнини, вклучително и недвижноста на адреса 555 Калифорнија Стрит, што е втората најголема зграда во Сан Франциско, пораснала.

Детали од богатството на Трамп не се познати. Противејќи се на децениската традиција на американските претседателски кандидати, Трамп одби да ја објави својата имотна карта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП