26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПри катастрофален земјотрес штетите би надминале 3 милијарди евра – дали сте...

При катастрофален земјотрес штетите би надминале 3 милијарди евра – дали сте осигурени?

zem

Под 5% од македонските станови и куќи се осигурени. Полиси за заштита од катастрофи – приближно 1 од 400 домаќинства има полиса која вклучува заштита од поплава, а 1 од 600 од земјотрес.

Полисите треба да се обновуваат секоја година и зависат пред се од самата градба на објектот како и од неговата местоположба.

„Цената е во зависност од типот на градбата на зградата, дали е со армиран бетон, ѕидана конструкција или дрвена конструкција… Наједноставен пример, стан од 60 квадратни метри во централно градско подрачје со вклучен ризик од земјотрес и поплава се движи од 600 – 700 до 3.500 денари“ вели Климе Поповски, директор на Агенција за супервизија на осигурувањето.

И покрај релативно ниските цени најголем дел од домаќинствата се одлучуваат да го заштитат станот или куќата само откако банките ќе го побараат тоа од нив при одобрување хипотекарни кредити, но навиките полека почнуваат да се менуваат – минатата година осигурувањето на имот имало раст од 9.6%,

„Оваа состојба се должи пред сè на поголемата активност на друштвата за неживотно осигурување во промоцијата на осигурувањето на имот, зголемената  свест за купување на домаќинско осигурување, но и како резултат на ефектите на странските директни инвестиции и отворањето нови производни капацитети“ се наведува во годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2015-та.

Позитивниот тренд продолжил и во 2016-та. во првите шест месеци од годинава била издадени над 3.600 полиси кои покриваат штети од катастрофи што е над 3 пати повеќе во однос на истиот период лани.

Освен мала побарувачка, за осигурување од катастрофи има и мала понуда. Само неколку компании нудат полиси кои вклучуваат големи природни непогоди како поплави и земјотреси.

„Години наназад ние немавме адекватна понуда на осигурување од ризик земјотрес, па и од ризик поплава од страна на друштвата за осигурување. Имавме проблеми и на страната на понудата и на страната на побарувачката“, вели Поповски.

Состојбата е подобрена во последните две години откако беше формирана „Европа ре“ од владите на Македонија, Србија и Албанија во соработка со Светската Банка. Нуди реосигурување односно производи кои ги отстапува на локалните компании.

Според нивните анализи при евентуален катастрофален земјотрес во Македонија последиците би надминале 40% од Брутодомашниот производ или околу 3.2 милијарди евра. Само домаќинствата би имале вкупни штети од најмалку 1 милијарда.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП