7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешачки маратон по повод 25 години независност на Република Македонија

Пешачки маратон по повод 25 години независност на Република Македонија

mk zname353

По повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија, познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, ќе реализира пешачки маратон во должина од 268 километри. 

Маратонот стартува од манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, преку Прилеп, Росоман, Градско и Велес, а маратонците се очекува да пристигнат во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на 8-ми септември.

Претседателот Иванов во своето писмо за поддршка ја поздравува оваа иницијатива и ангажман, посочувајќи дека организирањето на пешачкиот маратон е уште една убава можност за промовирање на Република Македонија, во годината кога го славиме 25-годишниот јубилеј од независноста, но истовремено е поттик и позитивен пример за сите млади луѓе.

„Вашиот следен предизвик, пешачкиот  маратон по повод  8-ми септември е уште еден ваш драгоцен спортски придонес во прославата на големиот јубилеј,“ порача Иванов.

Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП