26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИТропска диета

Тропска диета

bigstock-Banana-59029361-840x560

Тропската диета доаѓа директно од Сејшелите. Според креаторите една банана може да замени еден оброк. Се држи само 3 дена и е одлична за летните денови.

 

Тропска диета – пример мени

 

Прв ден

Појадок: 1 чаша нискомаслено млеко, 1 банана, 2 бадеми, 1 чаша чај

Втор појадок (11 часот): 1 банана, 1 чаша сок од грејпфрут

Ручек: 1 чаша нискомаслен јогурт со 4 лажици мусли, 1 банана

Ужина (17 часот): 1 овошно млеко (направете го сами во блендер, 1 чаша млеко и овошје по избор)

Вечера: 1 зеленчукова крем супа (рецепт: 4-5 вида зеленчук – тиквички, целер, бела репа и моркови се динстаат во 1/2 лажичка путер, се полеваат со топла вода и се посолуваат, се вари додека да омекнат), 100 г обезмастена урда, 1 парче пченкарен леб,

ananas-top

Втор ден

Појадок: 1 чаша нискомаслено млеко, 1 банана, 2 бадеми, 1 чаша чај

Втор појадок (11 часот): 1 банана, 1 чаша сок од грејпфрут

Ручек: 200 гр обезмастена урда, 2 овесни бисквити, 1 банана

Ужина (17 часот): 1 овошно млеко

Вечера: 1 тврдо варено јајце, 1 парче интегрален леб, ананас

 

Трет ден

Појадок: 1 чаша нискомаслено млеко, 1 банана, 2 бадеми, 1 чаша чај

Втор појадок (11 часа): 1 банана, 1 чаша сок од грејпфрут

Ручек: 1 зелена салата со туна, 2 овесни бисквити, 1 банана

Ужина (17 часот): 1 овошно млеко

Вечера: 1 зеленчукова крем супа од гореспоменатиот рецепт, 50 г кашкавал, 1 парче интегрален леб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП