26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на ЕУ по Brexit

S&P го намали кредитниот рејтинг на ЕУ по Brexit

bre300

Агенцијата за кредитни рејтинзи Standard and Poor’s за едно ниво го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Европската унија и ја објасни својата одлука со несигурноста којашто владее во Унијата по одлуката Велика Британија да истапи од неа.

„По одлуката на британските избирачи да ја напуштат ЕУ на референдумот од 23-ти јуни, повторни ја проценивме нашата анализа на кохезијата во ЕУ, која денес ја сметаме повеќе неутрален фактор отколку позитивен во оцената на таа целина“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Во оцената која ќе ја зголеми цената на задолжувањето во ЕУ, S&P го намалува кредитниот рејтинг на „АА“ од „АА+“ со „стабилна“ перспектива, што значи дека во агенцијата оценуваат дека дополнителното намалување нема да биде потребно во среднорочен период.

Во понеделникот агенциите S&P и Fitch ја намалија оцената за Велика Британија. S&P го намали кредитниот рејтинг на „АА“ од најдоброто ниво „ААА“, додека Fitch ја намали „АА“ од „АА+“.

Релативно високата оцена за ЕУ „значи дека сметаме дека државите членки ќе се придржуваат кон своите буџетски обврски кон ЕУ“, додаваат од S&P.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП