26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБисерот на Сејшелите: Ова е најубавата плажа во светот (фото+видео)

Бисерот на Сејшелите: Ова е најубавата плажа во светот (фото+видео)

бис1

Многу туристи по доаѓањето на сејшелскиот остров Ла Диг директно се упатуваат на плажата Ан Сурс Даржон, а лесно е да се каже зошто – станува збор за најфотографираната плажа на светот.

бис2

Замислете ја следната сцена – светкав бел ситен песок, големи камени карпи кои природата со тек на време ги извајала во величенствени скулптури и смарагдно зелена вода…

бис3

Секако, овој дијамант не е совршен. На моменти е исклучително преплавен со туристи, особено во периодот на плима кога поголемиот дел од плажата привремено исчезнува, а бидејќи водата е исклучително плитка и некаде богата со алги, местото не е погодно за пливање.

бис4

Меѓутоа, ако некогаш одлучите да го посетите овој рајски остров, погрижете се таму да поминете повеќе од еден ден. Лесно е да се пронајде дрво под чија сенка можете да уживате, имајќи впечаток како да се наоѓате на крајот од светот и дека ова парче рај го имате само за себе.

бис5

Имајте на ум дека патот до плажата води преку паркот Унион Естат, за чија посета потребно е да издвоите 7 евра. Затоа задолжително сочувајте ја влезницата (важи за цел ден) кога ќе заминувате од Ан Сурс Даржон.

бис6

Најдобрите фотографии настануваат во доцните попладневни часови, кога боите на плажата и морето се најинтензивни. Плажата е свртена кон запад, така што можете да ги набљудувате прекрасните зајдисонца.

бис7

Доколку авантурата во меѓувреме ве исцрпи и огладнете, спас можете да побарате во блиските сламени колиби, каде се продаваат освежителни напитоци и свежо овошје.

бис8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП