26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочување на економските и социјалните реформи во Западен Балкан и Турција со...

Продлабочување на економските и социјалните реформи во Западен Балкан и Турција со помош на ЕУ

еу-мк-еу-мк

На министерскиот дијалог одржан во средата со ЕУ, земјите од Западен Балкан и Турција се обврзаа да ги продлабочат економските и социјални реформи за зајакнување на макроекономската стабилност како и да ја поттикнат конкурентноста и растот, соопштуваат од Канцеларијата на ЕУ во Македонија.

Во заклучоците усвоени на средбата, беа прифатени политичките препораки на секој од седумте партнери за проширување, со јасен фокус на структурните реформи.

„Основна цел на стратегијата за проширување на ЕУ е да го зајакне економскиот и социјален развој во нашите земји-партнери. Денес, дискусијата ја фокусиравме кон  тоа како да се имплементираат економските реформи согласно ЕУ. Јас сум задоволен што сите земји вклучени во процесот на проширување покажаа голема посветеност при вежбата, фокусирајќи се на структурните и социјалните реформи,“ рече еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.

Заеднички усвоените политички насоки се темелат на Програмата за економски реформи, која властите ја развиваат на годишна основа и ја поднесуваат до ЕУ на крајот на јануари. Програмите се за период од три години. Тие опфаќаат макроекономска и политичка фискална рамка и приоритетни структурни реформи за поттикнување на растот и конкурентноста. Овие структурни реформи варираат од либерализација на енергетскиот, транспортен и телекомуникациски пазар, справување со високата стапка на невработеност, подобрување на квалитетот на образовниот систем, и меѓу другото подобрување на бизнис средината и привлекување нови инвестиции.

Оваа програма има за цел да им помогне на земјите вклучени во процесот на проширување на ЕУ да го поттикнат својот економски и социјален развој, постепено поддржувајќи ги при постигнување на економските критериуми за влез во Унијата.

Како што е наведено во Заедничките заклучоци, Македонија се согласи да ја зголеми транспарентноста на буџетот, да ги  зајакн  капацитетите при планирање на буџетот и да донесе програма за реформирање на јавното финансиско управување. Истовремено постигнат е договор со чија помош ќе се осигура дека јавните инвестиции може подобро да се приоритизираат во транспарентен процес и ќе бидат спроведени брзо и ефикасно.

За да се обезбеди финансиска стабилност, властите ќе развијат стратегии за решавање на неповолни заеми и поттикнување на употребата на домашната валута при финансиски трансакции. Владата се согласи да биде потранспарентна при усвојувањето на легислативата и да ја зајакне независноста на стопанските судови. Конечно, владата се согласи да се донесат мерки кои ќе ги охрабрат луѓето да се вклучат на пазарот на труд како и мерки за понатамошно зајакнување на Агенцијата за вработување, стои во соопштението од Канцеларијата на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП