11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриход од 2.500 франци за секој Швајцарец, без разлика дали работи?

Приход од 2.500 франци за секој Швајцарец, без разлика дали работи?

ref33

Еве каква е разликата помеѓу сиромашните и богатите земји. Швајцарија размислува да обезбеди за секој свој возрасен граѓанин приход од 2.500 швајцарски франци на месец. При тоа без да има услови и да се поставуваат прашања.

Во земјата ќе се одржи национален референдум за ова прашање на 5-ти јуни. Поддржувачите на оваа идеја сакаат владата да обезбеди за секој Швајцарец месечен приход по даноци од најмалку 2.500 швајцарски франци. Оние кои работат и примаат помалку од наведената сума, ќе добијат покачување на платата. Оние кои не работат, исто така ќе ги добиваат овие средства. Приходот ќе биде безусловен и неоданочив.

Швајцарската влада, што е против иницијативата, објаснува дека ако предлогот биде прифатен, ќе треба да се најдат 25 милијарди франци годишно за покривање на оваа обврска. Според Владата воведување на нови даноци или ограничувања на трошоците ќе го поткопаат економскиот раст. Противниците сметаат дека Швајцарија е богата земја и може да си дозволи ваков универзален приход. Приврзаниците на идејата сметаат дека на стотици илјади Швајцарци им се заканува да ја загубат работата заради напредокот на технологијата, па новиот универзален доход би им дал многу повеќе спокојство. Анкетите покажуваат дека само 40% од Швајцарците ја поддржуваат идејата за воведување на сличен приход.

За разлика од повеќето земји во Швајцарија нема минимална плата. Главниот дел од Швајцарците велат дека имаат намера да продолжат да работат, дури и при воведувањето на овој приход. Причината – границата од 2.500 франци е многу блиску до долната граница за сиромаштија од околу 2.100 франци и е далеку под просечната плата во земјата од над 6.000 франци.

Истражувањето на агенцијата за анкети „DemoSCOPE“ наведува дека само 10% од испитаниците размислуваат на веројатноста да ја напуштат работа со потенцијално прифаќање на овој универзален приход. Над половина од нив се изјасниле дека би ја искористиле можноста да поминуваат повеќе време со своето семејство.

Швајцарија не е единствената богата земја во светот, која ја разгледува идејата за „основен приход“. Финска ги разгледува можностите и да ги елиминираат сите своои програми за социјална помош и наместо тоа да му плаќа на секој свој граѓанин по 10.000 долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП