26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со малини - за 3 дена 2 кг помалку

Диета со малини – за 3 дена 2 кг помалку

malini-malina-124504-500x334

Малините се омилен плод за многумина. Лесно ја заситуваат гладта, без непотребни калории, а високата содржина на влакна, антиоксиданси и витамини ни помага да ослабнеме. Погледнете ја оваа диета со малини, со која можете да го ослабите 2 кг. за 3 дена.

Малините се летен плод богат со антиоксиданси, витамини и минерали. Во нив се наоѓаат витамини од групата Б – Б1, Б12 и витамин Ц. Високата содржина на влакна во малините ги прави заситувачки плод. Во една чаша малини има само 64 калории.

Истражувањата покажуваат дека малините се одлични при проблеми со бубрезите и висок крвен притисок. Препорачуваме да ги консумирате малините, ако сакате да го намалите нивото на лошиот LDL холестерол.

 

ДИЕТА СО МАЛИНИ

Диетата со малини вклучува 4 оброци на ден. Еден од нив задолжително вклучува животински протеини – риба, пилешко, телешко. Диетата е погодна за љубителите на месото, бидејќи не го исклучува од менито. Клучно за диетата со малини е Млечниот шејк. Правете го со нискомаслено млеко и малини.

Задолжително јадете свежи, а не сушени или замрзнати малини за време на диетата со малини. Замрзнати малини може да се користат исклучиво за подготовка на млечниот шејк!

dieta-plod-plodove-malina-malini-124503-500x0

Ден 1

Појадок: 1,5 чаша малини и 5-6 лажици нискомаслена урда

Ужинка: Млечен шејк со малини

Ручек: Пилешко филе на скара со 1 домат,  2 чаши малини за десерт

Вечера: Млечен шејк со малини

 

Ден 2

Појадок: 100 гр. малини

Ужинка: 150 гр.малини

Ручек: 150 гр бела риба со 100 гр гарнир зеленчук по желба

Вечера: 200 гр. малини и 100 гр ореви

 

Ден 3

Појадок: 200 гр јогурт и 100 гр малини

Ужинка: 200 гр малини и грст несолени лешници

Ручек: 150 гр телешко месо, салата од зелка и моркови

Вечера: 2 печени јаболка со ореви и суво овошје, 1 чаша малини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП