26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоцијални пакети за 140 семејства од општина Центар

Социјални пакети за 140 семејства од општина Центар

paketi centar 33

Општина Центар, пред претстојните првомајски и велигденски празници, на 140 жители на општината, приматели на социјална парична помош, им додели социјални пакети во вкупна вредност од 300.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општината.

„Ова нема конкретно да ни ги реши проблемите, но помошта ни е навистина повеќе од добредојдена. Многу сме среќни што некој се сети на нас и ни овозможи побогато да ги минеме празниците. Многу сме задоволни и благодарни на градоначалникот Андреј Жерновски, затоа што, не само што добивме помош во храна и средства за хигиена, туку и ни кажа дека секогаш сме добредојдени во општината за сѐ што ни е потребно“, рекоа центарци, кои добија пакети со основни животни намирници и средства за хигиена.

„Ние сме само Ваш сервис и постоиме за Вашите потреби. Јасно ни е дека со ова не го решаваме големиот проблем, но сакавме да дадеме наш мал придонес за побогати и посреќни велигденски и првомајски празници“, им порача градоначалникот Жерновски, честитајќи им ги претстојните празнувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП