2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИдомени: Група бегалци го пробиле грчкиот кордон, бараат начин да влезат во...

Идомени: Група бегалци го пробиле грчкиот кордон, бараат начин да влезат во Македонија

idomeni talibanci

Група од околу 300 бегалци го пробиле кордонот на грчката полиција по должина на границата со Македонија во обид да дојдат до дупка на оградата на границата меѓу двете земји, пренесува AP.

Бегалците, меѓу кои има неколку десетици деца, тргнале од кампот на границата кон дупката во оградата којашто е оддалечена околу пет километри источно од местото Идомени (Сехово), каде околу 14.000 бегалци останаа блокирани кога беше затворена балканската рута.

Агенцијата Reuters, пак, јавува дека стотици мигранти тргнале од кампот во близина на северната грчка граница во обид да најдат алтернативни пат и да го заобиколат граничниот премин со Македонија.

Портпаролот на УНХЦР, Бабар Балоч изјави дека човечката беда со која се соочуваат бегалците во кампот Идомени на грчката граница со Македонија го достигнала врвот.

Во и околу преполниот камп останале повеќе од 14.000 луѓе кои чекаат да го продолжат патот кон Европа, а нивните основни услови за живот од ден на ден се сé полоши.

„Во Европа гледаме човечко патење кое достигна врв. Овие услови овде во Идомени се невозможни за живот“, изјави Балоч за време на посетата на кампот додавајќи дека секој ден врне и луѓето се повеќе патат.

Тој констатира дека условите во кои живеат бегалците се исклучително нехигиенски, тоалетите се претрупани и дека десетици деца завршиле во болница поради проблем со дишењето и разни вируси.

„Девeтгодишно девојче со хепатитис А е префрлено во болница во близина на Солун и нејзината состојба е сега стабилна“, изјавил Балоч.

Грчката влада соопшти дека бегалците ќе се насочуваат кон организирани кампови, но Балоч забележува дека ситуацијата треба итно да се реши.

„Гледаме деца кои се тресат од студ, боси се. Тоа е просто незамисливо“, изјавил Балоч.

Инаку група од околу 200 Сиријци и Ирачани во којашто имало многу деца протестирале во неделата во Идомени барајќи да се отвори границата. Балоч се надева дека во четврток на самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука која помогне да заврши патењето на грчко-македонската граница. Во понеделникот утрото во Сува Река во близина на Гевгелија се удавија тројца мигранти, а 23 беа спасени. Сите илегално ја минале границата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП