5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во декември изнесува 22.715 денари

Просечната нето плата во декември изнесува 22.715 денари

denari isplata

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, изнесува 101.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11.0%), Уметност, забава и рекреација (6.1%) и Информации и комуникации (5.8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.8%), Информации и комуникации (9.9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2015, изнесува 22.715 денари.

Во декември 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, изнесува 101.7

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11.2%), Уметност, забава и рекреација (6.5%) и Информации и комуникации (6.3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15.1%), Преработувачка индустрија (8.7%) и Информации и комуникации (8.6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2015 изнесува 33.299 денари.

Во декември 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП