4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршна фаза пред решавачкиот самит на ЕУ за британското останување

Завршна фаза пред решавачкиот самит на ЕУ за британското останување

британија-туск

Преговорите за постигнување договор меѓу Европската унија и Велика Британија преку реформите што ги бара Лондон за останување во 28-члениот сојуз, влегуваат во завршната фаза, со кусите посети на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на неколку клучни европски престолнини пред самитот кон крајот на седмицата во Брисел.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во понеделникот и во вторникот ќе се обиде да ги увери најнерешителните држави членки на ЕУ и да го заклучи планот за договорот кој ќе им го предаде на шефовите на држави и влади кон крајот на седмицава.

Неуспехот уште повеќе би ја ослабел Европската унија во моментот кога се движи од егзистенцијалната криза во криза којашто излегува од контрола, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој вети скорешно одржување на референдумот за останувањето на Велика Британија во ЕУ наместо до крајот на 2017 година, потврди во петокот во Германија дека верува во постигнувањето договор. Претпазлив оптимизам има и во Брисел, откако Туск на 2-ри февруари го претстави преддоговорот како одговор на британските барања и избегнувањето на британското излегување – Брекзитот.

„Во врска со местото на Велика Британија во Европа, секогаш верував дека заедно можеме да спроведеме реформи кои им одговараат на британските очекувања и кои се ефикасни за целата Европа“, изјави Камерон на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел, како и Соединетите држави, сака Велика Британија да остане „активна членка на успешната Европска унија“.

Доналд Туск, процесот кој е во тек го оцени како многу кревок, и затоа ќе отпатува во Париз и во Букурешт во понеделникот, и во Атина, Прага и Берлин во вторникот, да бара политичка поддршка за конечниот предлог.

Франција смета дека нема збор за промена на европските договори за да им се задоволи на британските барања, како ниту за попречувањето на јакнењето на еврозоната поради заштитата на интересите на лондонски Сити, финансиското средиште. Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди дека нема да има прифатлива ревизија на европските договори.

Втората пречка е барањето на Камерон да се ограничат социјалните давачки за државјаните на другите земји од ЕУ. Таа мерка главно ги опфаќа работниците од централна и источна Европа кои се вработиле во Велика Британија. Туск предлага заштитни механизми, односно ткн „итни сопирачки“ кои на Лондон би му овозможиле на четири години да ја исклучи социјалната помош за меѓуевропските имигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП