7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се движи околу 31 долар

Цената на нафтата се движи околу 31 долар

nafta kop

Цената на нафтата се стабилизираше во средата на светските берзи близу 31 долар, поттикната од можноста за соработка на производителите за намалување на производство за да се намали вишокот во понудата.

На лондонскиот пазар цената на нафтата околу пладне се зголеми за 52 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 30,84 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус од 2,56 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 45 центи повисока цена, од 28,39 долари. Тргувањето го заврши во минус од 1,75 долари.

Нафтените пазари вчера ги притиснаа прогнозите на владата во Вашингтон и на Меѓународната агенција за енергија (IEA) за слабата побарувачка. Денеска во фокусот повторно се најдоа преговорите на водечките производители за намалување на производството за да се поттикне цената.

Иранскиот министер за нафта рече дека Техеран е подготвен да преговара со Саудиска Арабија и Русија за предложеното намалено производство во членките на OPEC за еден милион барели дневно, но не кажа дали Русија ќе го следи нивниот пример.

Иако трговците и претставници на OPEC се сомневаат во можноста за договорот, веста за преговорите беше доволна да го охрабри пазарот.

„Доколку цената продолжи да падне, поголеми се шансите за заеднички мерки на производителите, што би спречило натамошен пад на цената. Денешниот раст во основа е само закрепнување од вчерашните силни распродажби“, рече Карстен Фрич од Commerzbank.

Поддршка на цената пружи и извештајот на Американскиот институт за нафта(API), кој покажа помал раст на резервите во минатата недела. Имено, резервите се зголемиле за 2,4 милиони барели, а економските аналитичари очекуваа зголемување за 3,6 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП