Доаѓа периодот кога не можете да поминете еден ден онлајн, гледајќи ТВ или слушајќи радио, без да слушнете за Црниот петок (Black Friday) и за поволностите кои ги носи овој ден. Последниот петок од ноември се претвори во вистински празник на шопингот, кога потрошувачите имаат можност да ги купат производите кои одамна ги „меркале“ по намалени цени.
Малку историја. „Црниот петок“ или на англиски популарно наречениот Black Friday, е израз кој започна да се употребува во САД како назив за денот по Денот на благодарноста, кога Американците ја започнуваат празничната шопинг сезона. Но, низ годините овој ден се трансформираше во вистински глобален настан, кога маркетите и брендовите значително ги спуштаат цените, некогаш и до 70-80%. И оваа година Black Friday лудилото пристигнува на Ananas, но не само на еден ден – туку во текот на целиот ноември, со вистински намалени цени и неверојатни зделки кои едноставно не смеете да ги пропуштите.
Црната боја е секогаш во мода
Иако се вика „црн“, овој петок може да донесе многу радост и среќа, особено ако веќе знаете што сакате да купите. Мудрите купувачи понекогаш ги одбираат производите кои им се потребни една или две недели претходно, за да бидат подготвени за сензационалните намалувања на Black Friday. На тој начин, купувачите можат да го испланираат буџетот и да купат повеќе – за помалку. А сите знаеме дека заштедата е секогаш добредојдена. На Ananas, сепак, нема потреба да го чекате последниот викенд, бидејќи Black Friday зделките ќе се менуваат и ќе бидат достапни во текот на целиот ноември.
Без брзање, Ananas е тука за вас!
И додека во САД најголемото внимание го привлекува самиот ден, односно последниот петок од месец ноември – во другите земји Black Friday најчесто се одбележува поинаку. Таков е случајот и кај нас, каде што Ananas го прошири Black Friday и го претвори во 30 дена на вистински намалени цени и Black Friday зделки. Токму така, овој Black Month ќе трае од 1ви до 30ти ноември, давајќи ви доволно време да го испланирате вашиот шопинг и да купите сето она што ви е потребно, а одамна го посакувате. И најважно – нема потреба да чекате до самиот Black Friday, бидејќи добрите зделки започнуваат уште од првиот ден.
Од производи за домаќинство до уникатен мебел, облека, обувки, па дури и справи за вежбање – на Ananas можете да најдете сè што ќе замислите, со само неколку кликови. Без чекање во редици и без гужви. Посетете го ananas.mk уште денеска и подгответе се за Black Friday шопинг.