КОМПАНИИ

Постигнат е договор: UniCredit ја презема Commerzbank

Италијанската „UniCredit“ постигна договор со германската влада за иднината на „Commerzbank“, објави денес германската банка.

Со договорот се предвидува „UniCredit“ да ги зачува операциите на „Commerzbank“ со мали и средни претпријатија, како и нејзините меѓународни капацитети, со обврска за понатамошен развој на операциите во тој сегмент, објавува „Блумберг“.

Седиштето на банката трајно ќе остане во Франкфурт, а „Commerzbank“ ќе продолжи да котира на Франкфуртската берза.

Германската влада, според извештај на „Ројтерс“ потврден од „Commerzbank“, се откажа од барањето за назначување двајца членови на надзорниот одбор на банката.

„Уникредит“ неодамна доби одобрение од Европската унија за преземање на „Commerzbank“, чија пазарна вредност се проценува на околу 41 милијарда евра.

Извршниот директор на „UniCredit“, Андреа Орсел, очекува да ги добие сите регулаторни одобренија до крајот на ноември, што би му овозможило да ја преземе контролата врз „Commerzbank“ и да започне со спроведување на стратегијата за банката.

Планот за Commerzbank, презентиран во април, предвидува зголемување на ефикасноста, елиминирање до 7.000 работни места и намалување на меѓународната деловна мрежа, со поголем фокус на Германија и Полска.

Андреа Орцел, исто така, навести за можноста за промени во врвниот менаџмент, па затоа иднината на извршната директорка на Commerzbank Бетина Орлоп е под знак прашалник.