Пет европски градови се најдоа меѓу десетте најдобри места за живот на иселениците на новата листа на глобалната платформа „InterNations“, а меѓу нив дури три се во Шпанија.
На првото место на листата се најде градот Рас ел Хајма во Обединетите Арапски Емирати, објави „Euronews“.
Дури 84 отсто од анкетираните иселеници изјавиле дека се задоволни од животот во овој град, кој се наоѓа на околу еден час возење северно од Дубаи.
Рангирањето се заснова на анкета спроведена меѓу 7.786 иселеници ширум светот, кои ги оценувале различните аспекти на својот живот со оценки од еден до седум.
Врз основа на нивните одговори, градовите биле оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои личните финансии, леснотијата на приспособување, квалитетот на животот, како и основните услови за живот и работа во странство.
Кога станува збор за Европа, пет градови се најдоа меѓу првите десет, од кои три се во Шпанија.
Малага го зазеде третото место во генералниот пласман, а беше прва според критериумот за среќа. Дури 86 отсто од испитаниците изјавиле дека се задоволни од животот во овој шпански град.
Потоа следуваат Мадрид на осмото место, Валенсија на деветтото, додека Хаг во Холандија ја заокружува листата на десетте најдобри градови.
Главниот град на Португалија, Лисабон, се најде на петтото место според индексите за лични финансии и леснотија на приспособување, додека според квалитетот на животот го зазеде десеттото место.
Објавена е и листата на најлоши европски градови за иселениците во 2026-та година, на која се најдоа дури четири германски градови.
Германските градови добиле слаби оценки во категориите домување, јазик и дигитален живот.
На листата се најдоа и Милано, Лондон, Цирих, Хамбург, Франкфурт и Берлин.