СВЕТ

Годишната инфлација во Еврозоната и ЕУ се искачи на четири проценти во октомври

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври 2026 година изнесуваше четири проценти, што е зголемување во споредба со 3,8 проценти во септември. Една година претходно, таа стапка беше 2,1 процент.

Во Европската Унија, годишната стапка на инфлација минатиот месец исто така изнесуваше четири проценти, што е зголемување во споредба со 3,8 проценти во септември. Една година претходно, таа стапка беше 2,5 проценти, според Европската канцеларија за статистика – Евростат.

Најниски годишни стапки се забележани во Шведска (0,6 проценти), Чешка и Данска (двете по 2,1 процент).

Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (7,0 проценти), Литванија (6,1 процент) и Бугарија (5,9 проценти). Во споредба со септември 2026 година, годишната инфлација се намали во девет земји-членки, остана стабилна во две и се зголеми во шеснаесет.

Во октомври 2026 година, енергијата (+1,89 процентни поени), услугите (+1,55 процентни поени), неенергетските индустриски производи (+0,30 процентни поени), како и храната, алкохолот и тутунот (+0,29 процентни поени) позитивно придонесоа кон годишната стапка на инфлација во Еврозоната.