Практичност, удобност и лесно паркирање – токму тоа го нудат електричните возила на Urban EV, создадени како идеално решение за секојдневно движење низ градот. Компактни, економични и едноставни за управување, тие одговараат на потребите на современиот урбан живот, особено во средини со густ сообраќај и ограничен простор за паркирање.
Возилата се особено погодни за студенти и постари лица, благодарение на едноставното управување, компактните димензии и лесното маневрирање. Тие овозможуваат сигурно и удобно секојдневно патување, без непотребни трошоци и без долгото барање слободно паркинг-место.
Меѓу учесниците на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 која ќе се одржи од 29 до 31 октомври во Т Арена С. Ц. Борис Трајковски, во програмата на електрични и хибрид возила се и CILAZ со возилата BAIC и ABC Brother – Скопје со возилата DONG FENG, како и Аутомакедонија со возилата Skywell, Farizon и Noos, кои дополнително ќе ја збогатат саемската понуда во сегментот на современата мобилност и автомобилската индустрија.
Во делот посветен на инфраструктурата за електрични возила ќе се претстават и Електроинвест и ЕВН, со решенија за полнење што се важен дел од развојот на одржливата мобилност.
Присуството нa електрични и хибридни возила ќе покаже дека електричната мобилност не е само визија за иднината, туку достапно решение за денешните градски предизвици. За кратки секојдневни релации, со помали трошоци и едноставен начин на движење.
Покрај урбаната електрична мобилност, саемот ќе прикаже и современи достигнувања во енергетиката, паметните технологии, автоматизацијата, машинството и одржливите практики.
Ако барате електични и хибридни возила посетете го саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 од 29 до 31 октомври во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“, и запознајте ги електричните возила на Urban EV, BAIC, DONGFENF, Skywell, Farizon, Noos и други и искористете ја можноста да ги возите за време на саемските денови.