„Mercedes-Benz“ и нејзината спортска поделба „AMG“ работат на проект за оживување на легендарниот спортски модел „SLR“, пишува весникот „Autobild“.
Во моментов инженерите разговараат за две опции за новата генерација на машината – со преден или со средно располагање на моторот. Од тоа зависи и каков погонски систем ќе биде избран, а и во двата случаи тоа ќе биде со хибриден агрегат.
Ако во „AMG“ се одлучат за првата можност и моторот биде поставен напред, тогаш новиот „SLR“ ќе добие бензински „V6“ со турбина и дополнителен електромотор. Вкупната моќност на агрегатот ќе биде околу 650 КС, а кај оваа опција ќе се употреби и поставување на нов механизам на вратите.
Изборот на средното располагање на моторот ќе значи користење на повеќе карбон во каросеријата. Во овој случај „SLR“ ќе добие „V8“ со турбо и два електромотори, а вкупната моќност ќе достигне 1.000 КС.
При првата опција во компанијата ќе може да произведе околу 3.000 автомобили годишно, а цената ќе се движи помеѓу 250.000 и 300.000 евра. Кај втората сепак производството ќе биде сведено на 750 единици, а цената ќе скокне до 1 милион евра. Така идниот „SLR“ ќе влезе во сегментот на хибридните хиперавтомобили, каде за лидерската позиција се натпреваруваат моделите на „McLaren“, „Ferrari“ и „Porsche“.
Се очекува автомобилот да биде подготвен во 2018-та година, а прво пред публика ќе се појави каросериската верзија, а по неа и кабрио. Ќе има и „надуена“ верзија „Black Series“, како и модификација за трки од шампионатот „GT3“.