Цената на нафтата повторно во средата се спушти на светските берзи кон 45 долари за барел со оглед дека интересот на инвеститорите по неочекувано силниот скок на резервите во САД е пренасочен од Блискиот исток кон прекумерната понуда.
На лондонската берза цената на барел нафта падна 76 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,36 долари. На американската берза со барелот се тргува по 61 цент пониска цена, од 42,26 долари. Вчера тргувањето беше завршено во плус 1,12 долари.
Нафтените пазари вчера ги катапултираше веста за турското соборување на воениот авион во близина на турско-сириската граница. Официјална Анкара денеска соопшти дека не сака ескалација на судирот.
Вниманието на берзите денеска повторно беше пренасочено на прекумерното снабдување, откако податоците на Американскиот институт за нафта (API) покажаа дека американските резерви на сирова нафта скокнаа во минатата недела за 2,6 милиони барели, речиси двојно повеќе од очекувањата на аналитичарите.
„Силниот раст на резервите во САД беше изненадување и повторно го насочи вниманието на снабдувањето кое веќе подолго го притиска пазарот“, толкува Ханс ван Клиф од холандски ABN Amro.
Американската влада во четврток би требало да ги објави официјалните податоци во кои аналитичарите ќе бараат потврда на податоците на API.