Холандската економија во вториот квартал од оваа година оствари раст од 0,2 проценти во однос на претходниот квартал, покажуваат конечните податоци, за разлика од 0,1 проценти како што првично беше оценето.
Официјалната статистика исто така покажува дека бруто домашниот производ на Холандија во вториот квартал пораснал за 1,8 проценти во однос на истиот период во 2014 година, додека според прелиминарните податоци растот изнесувал 1,6 проценти, пренесува Ројтерс.
Во првиот квартал од тековната година, БДП на оваа петта најсилна економија во еврозоната е зголемен за 0,6 проценти на квартално ниво и за 2,5 проценти на годишно ниво.
На економскиот раст во вториот квартал најмногу влијаело зголемувањето на инвестициите од компаниите (плус 14,5 проценти), како и јавните инвестиции (плус 4,6 проценти).